17 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонкурентот на Starbucks оваа година планира да отвори 2.500 кафулиња во Кина

Конкурентот на Starbucks оваа година планира да отвори 2.500 кафулиња во Кина

Кинескиот синџир на кафулиња „Luckin“ има во план да отвори 2.500 нови објекти во оваа година и да го претекне „Starbucks“ како најголем синџир по бројот на кафулиња во втората по големина економија во светот.

Компанијата, која официјално започна со работа на почетокот на минатата година, порасна со неверојатен чекор благодарение на својот фокус на технологијата, испораката и големите попусти, и покрај загубата.

„Она што го сакаме во моментот е достапноста и брзината“, рече маркетинг менаџерот на „Luckin“, Јан Феи денес во Пекинг.

„Нема смисла да зборуваме за профит“, рече тој, додавајќи дека иницијативите за привлекување клиенти ќе бидат важен дел од стратегијата на компанијата во текот на следните неколку години.

Целта на „Luckin“ е да има над 4.500 кафулиња до крајот на годината, па така ќе го надмине американскиот конкурент „Starbucks“, кој одамна доминира на кинескиот пазар со над 3.600 објекти.

Брзото ширење на „Luckin“ е контраст на развојот на „Starbucks“, која го отвори своето прво кафуле во Кина во 1999-та година и му требаа две децении, за да ја достигне сегашната бројка објекти.

„Luckin“, поддржана од сингапурскиот суверен фонд „GIC“ и „China International Capital“, отвори над 2.000 кафулиња во последната година, достигнувајќи пазарна оценка од 2,2 милијарди долари, откако доби 200 милиони долари од пласирањето на хартии од вредност во минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП