10 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМТСП: Казни за невакцинирање на децата од 350 до 650 евра

МТСП: Казни за невакцинирање на децата од 350 до 650 евра

Министерството за труд и социјална политика ги информираше сите државни и приватни градинки, дека Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Истовремено МТСП им укажа на градинките дека е на сила забрана за примање деца во градинките кои не се васкцинирани од МРП (вакцина за морбили, рубеола и паротит).

Градинките се задолжени и да спроведат санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.

Врз основа на горе наведеното Министерството за труд и социјална политика укажува дека треба да се почитуваат одлуките коишто се донесени од страна на Министерството за здравство. Укажувањата и препораките се во насока превенција и поголема безбедност на децата.

“Истовремено ги информираме родителите дека казните за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар