22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota ги покажа тестовите на новата Supra (видео)

Toyota ги покажа тестовите на новата Supra (видео)

„Toyota“ покажа видео од тестовите на новата „Supra“ на јапонската патека „Фуџи“, но кадрите од кои што беа снимени се од доста високо. Но звукот на моторот е одличен. Видеото е објавено на страната на „Toyota Gazoo Racing“ на „YouTube“.

Новата „Supra“ добива 3-литарски 6-цилиндричен бензински мотор со две турбини од „BMW“, кој е во опсегот на новиот „Z4“ на баварската компанија. Овој мотор е од моделот „Z4 M40i“ во европската верзија на моделот и има моќност од 340 коњски сили и 500 Nm од максималниот вртежен момент.

Другиот мотор кој ќе го понуди „Supra“ ќе биде поприфатлива 2-литарска единица со моќност од 260 коњски сили.

Премиерата на новата „Supra“ ќе биде на саемот за автомобили во Детроит во текот на месец, а веднаш потоа се очекува да започне продажбата на новиот јапонски спортски модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП