Брокерската куќа „City Research“ ја намали прогнозата за производството на смартфоните „iPhone“ во првиот квартал од 2019-та година и речиси ги преполови своите очекувања поврзани со најскапиот модел „XS Max“.
Со тоа таа се придружи на низата други брокерски куќи во намалувањето на прогнозата по неколкуте серии извештаи за слабата побарувачката на моделите на „Apple“.
„City“ очекува дека „Apple“ ќе произведе 45 милиони „iPhone“ уреди во овој квартал, што е помалку од претходно предвидените 50 милиони.
Намалувањето на проекцијата е резлутат слабите прогнози поврзани со моделот „XS Max“ (со почетна цена од 1.099 долари), a чие производство, според проценките на „City“ ќе биде намалена за 48 отсто.