10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMichael Kors се преименува во Capri Holdings

Michael Kors се преименува во Capri Holdings

Американската модна компанија „Michael Kors Holdings“ го промени своето име во „Capri Holdings“ на 2-ри јануари, по завршувањето на купувањето на италијанската модна куќа „Versace“, информира „АР“.

„Michael Kors“ го објави договорот по реализирање на истиот со „Versace“ за над 2 милијарди дoлара во септември, помалку од две години по купувањето на производителот на чевли „Jimmy Choo“, кој стекна слава благодарение на серијата „Сексот и градот“.

Новото име е инспирирано од познатиот остров, кој одамна е прогласен за култна, гламурозна и луксузна дестинација, рече извршниот директор Џон Ајдол.

„Michael Kors“, како и другите компании во индустријата, го турка највисокиот сегмент на луксузната мода со надеж за зголемување на продажбата.

Групата се надева дека со купувањето на „Versace“ да ги зголеми нејзините приходи до 8 милијарди долари на долг рок, а приходите на италијанската марка – до 2 милијарди долари. Целта за приходите на „Jimmy Choo“ е 1 милијарди долари, а за главниот бренд „Michael Kors“ – 5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП