20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNetflix ќе има нов главен финансиски директор?

Netflix ќе има нов главен финансиски директор?

Се очекува „Netflix“ во следните неколку дена да објави дека Спенсер Њуман од „Activision Blizzard“ да стане главен финансиски директор, објави извор познат со случајот, пренесе „Ројтерс“.

Според неговите зборови, Њуман ќе започне да работи во „Netflix“ во почетокот на 2019-та година.

Претходно во понеделникот, во документите доставени до регулаторите, „Activision Blizzard“ посочи дека има намера да го отпушти Њуман, но не ја прецизираа конкретната причина за тоа.

Њуман служеше на бројни финансиски позиции, вклучувајќи го и во Walt Disney. Тој ќе го зазеде местото на Дејвид Велс, кој во август изјави дека планира да се повлече од функцијата на која беше во последниве 14 години во „Netflix“, онлајн платформата за видео стриминг.

Изворот, исто така, истакнува дека „Netflix“, која инвестира во создавањето на голем дел од филмовите и серијата што ги нуди, би сакала нејзиниот следен главен финансиски директор да биде лоциран во Лос Анџелес со фокус на финансирањето на производството. Велс се наоѓа во северна Калифорнија.

„Activision“ вели во документите на регулаторот дека има намера да го отстрани Њуман „поради причина што не е поврзана со финансиските извештаи на компанијата или обелоденувањата поврзани со постапките“. Таа тврди дека Њуман ќе биде компензиран за оваа нивна постапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП