20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовогодишната честитка на Трамп: Додека јас работам, вие славите

Новогодишната честитка на Трамп: Додека јас работам, вие славите

Американскиот претседател Доналд Трамп им честиташе Нова година на граѓаните со видео-порака објавена на Твитер, со малку невообичаени зборови.

“Додека јас напорно работам во Белата куќа, вие славите, но јас не ве обвинувам. Уживајте”, порача американскиот претседател, посакувајќи среќна Нова Година.

Тој се осврна на двегодишната работа на неговата администрација, во која, како што истакна, многу е направено. “Никогаш во ниту една администрација во првите две години од мандатот не е направено толку. Економијата расте, работните плати растат по многу години, луѓето работат една работа наместо две или три”. Постигнавме договор со Мексико, Канада и Северна Кореја, за кој сите велеа дека тоа е невозможно. Ветив и работевме одлично како држава “, рече Трамп и вети дека ќе биде уште подобро и поубаво во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП