22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLuckin Coffee се залага на технологиите во трката со Starbucks

Luckin Coffee се залага на технологиите во трката со Starbucks

По само една година во бизнисот синџирот на кафе „Luckin Coffee“ ќе се натпреварува со „Starbucks“ на еден од најголемите пазари за американската компанија, пишува „CNN“.

Повеќе од 1,700 продавници на „Luckin“ се отворија во Кина во 2018-та година Плановите на синџирот беа до крајот на годината нивниот број да достигне 2.000. Компанијата е примамлива за клиентите со ниски цени и вештото користење на технологии.

Брзиот развој на „Luckin“ и нејзината желба да го оспори местото на американската „Starbucks“ на кинескиот пазар, покажувајќи ја намерата на локалните компании да се натпреваруваат со западните на еден од најголемите пазари во светот.

Всушност, сличностите помеѓу синџирите се скоро исцрпени од фактот што и двете нудат кафе. За разлика од продавниците на „Starbucks“, овие на „Luckin“ во поголемиот дел претставуваат мали штандови, кои освен нарачки на лице место вршат и достава.

Уште поважно, „Luckin“ ја позиционираше технологијата во јадрото на својот бизнис од своето основање. Плаќањата во продавницата не можат да се направат во готово. Клиентите ја користат единствената апликација на „Luckin“ за да ги платат своите кафиња, што им дава бонуси за лојалност.

Според клиентите ова е многу погодно и заштедува време. Тие однапред ја прават и плаќаат својата нарачка, а потоа само да ја подигнуваат од најблиската продавница. И покрај високата оценка на овој вид на услуга од корисниците, од „Starbucks“ се уште не ја нудат.

„„Старбакс“ има слаби точки“, рече Џефри Толсон, кинески бизнис експерт. „Фактот дека синџирот нема способност да испорача е апсурден. Покрај тоа, нивната примена не е добра“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП