24 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 29-30.12.2018

Викенд хороскоп 29-30.12.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Преокупирани сте со други проблеми па овој ден за вас е како и секој друг. Саканото лице се обидува да ви соопшти нешто важно, но вие не го забележувате тоа. Поминете си го убаво овој ден, а за тоа е потребно да ги исфрлите сите финансии од главата.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да организирате одлична забава.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашето присуство е пожелно на секоја забава. Од вас зависи дали вечерта ќе ја искористите да се запознаете подобро со некое лице кое ви се допаѓа. Вашата духовитост многу ќе ви помогне.

 

Рак (22.06 – 22.07)

За вас ова е добар ден како и секој друг. Уморни сте од темпото кое го држите некое време, па ќе сакате нешто да промените. Не го обвинувајте партнерот за ситници, поминете си убаво денес.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можни се кавги со партнерот кои можат да ви го расипат денот. За да го спречите тоа, насмевнете се на неговите критики и не му замерувајте. Вечерта ќе ја поминете во друштво на вашите омилени луѓе.

 

Девица (23.08 – 22.09)

До вас ќе дојде поттик од сосема неочекувано лице. Време е да се релаксирате, но не со големи количини на алкохол. Релаксирајте се без претходно да го планирате секој чекор, вечерта ќе ја поминете многу убаво.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ве нервира тоа што својата околина сте ја научиле вие да сте иницијатор за се. Расположението ви е такво што денес повеќе би сакале одговорноста да ја преземе некој друг, а вашата задача да биде весел гостин кој треба добро да си помине.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На вашиот партнер му пречи монотонијата во која сте западнале. Иако сте расположени за друштво, не сте доволно подготвени за престој во големо друштво и маса непознати луѓе. Ако нaправите компромис, ве очекува романтична вечера полна со нежноста која ви недостасуваше.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Губите времe на организирање на патот, а не сте сигурни дали е се изводливо. Суштинските работи не сте ги довршиле. Проверете ги документите, условите за патување како и средствата кои ви се потребни.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Своите стравови најмногу ги проектирате на женскиот дел од семејството. Интензивното размислување за секој детал ве исцрпува. Вашата потреба на сите да им удоволите домашните ја чувствуваат како притисок.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Самоувереноста и наметнувачкиот став ја иритираат околината, која веќе долго има трпение за сите ваши гафови. Доколку не се приберете, можно е да доживеете многу непријатна ситуација од која ќе се извлечете повредени.

 

Риби (20.02 – 20.03)

За вас секоја активност, всушност, е работа. Со радост го прифаќате организирањето на прослави во кои главно учествуваат луѓето со кои сте многу поврзани. Опуштете се малку, перфекционизмот не ви помага.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП