9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИУште еден смартфон со камера од 48MP: Вака изгледа Motorola Moto P40...

Уште еден смартфон со камера од 48MP: Вака изгледа Motorola Moto P40 (видео)

Нови фотографии и видео од 360 степени се појавија на интернет и го прикажуваат следниот смартфон „Motorola Moto P40“ (името на уредот се уште не е потврдено).

Рендерите покажуваат дека телефонот ќе има различен дизајн во однос на моделот „Р30“ ( за кој замеруваат дека многу наликува на „iPhone X“). Моделот „P40“ ќе се карактеризира со отвор на камерата во 6,2-инчниот дисплеј.

Долниот дел од рамката на телефонот е доволно дебела за во неа да се смести логото на „Motorola“, додека рамките од страните на овие фотографии се навистина тенки.

Засега нема информации за резолуцијата на предната камера, додека се сугерира дека системот со две камери на задната страна е примарниот сензор од 48MP. Задниот панел е изработен од стакло, а во логото е сместен стандардниот сезнор за отпечаток на прстот.

Љубителите на звукот можат да здивнат, затоа што е задржан приклучокот за слушалки од 3,5mm, a тука е и „USB Type-C port“, малиот микрофон во дното, како и тастерите за звук од страната на уредот.

Се очекува дека „Motorola Moto P40“ ќе биде малку подолга од својот претходни (160,1 mm), но и подебел. Ова нема да биде прилично лоша работа, особено доколу „Motorola“ ја имплементира и батеријата која е со јачина од 3.000mAh колку што имаше и Moto P30.

Како дел од програмата „Android One“, телефонот би требало да ги следи стапките на „Motorola One“ и „One Power“ („P30 Play“ и „P30 Note“) моделите и да се појави на глобалниот пазар, а не само во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП