И покрај порастот во изминатите два дена на Вол Стрит, празниците кои што се карактеризираат како силни трговски денови се разочарувачки за инвеститорите на „Amazon“.
Во септември, пазарната капитализација на компанијата достигна 1.000 милијарди долари, но оттогаш падна за 27%, најлошите резултати во последниот квартал од 2008-ма година.
Другите технолошки компании исто забележаа силни намалувања, а тоа во најголема мера важи за „Apple“ чии акции загубија 30% од својата вредност. Акциите на „Facebook“ и „Microsoft“ пак забележаа пад од соодветно од 18 и 12 проценти.
Но, да се вратиме на „Amazon“. Компанијата доживува некои потешкотии во последниве месеци, при што облак услугите известуваат за послаб раст во последниот квартал од предвидените од аналитичарите. Освен тоа прогнозата за овој квартал исто е разочарувачка за инвеститорите.
Падот од 27 отсто во четвртиот квартал е рекорд, иако акциите во средата додадоа 9 отсто, а вчера забележа минимален пад од 0,63 отсто.
Друга причина зошто „Amazon“ падна во последните месеци е веста од Велика Британија. Аналитичарите од „Baird“ минатата недела ги предупреди клиентите дека Европа може да покаже негативен ефект врз акциите, бидејќи британските синџири за продажба на мало остварија послаби продажби, а извештајот на „Visa“ посочува за намалување на потрошувачката во земјата поради „несигурноста околу Брегзит“.
Последниот пат, во кој „Amazon“ доживеа сличен пад беше за време на рецесијата од 2008-ма година, кога компанијата загуби 30% од својата вредност. Единствените квартали со поголеми намалувања се од „дот-ком“ подемот, како во 2000-та и 2001-ва година компанијата забележа пад од 33% или повеќе проценти во четири квартали.
Дури и со последните падови, акциите на „Amazon“ бележат раст од 245 пати во однос на 2001-ва година и се зголемуваат 29 пати само од крајот на 2008-ма година до денес.