29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТопло а евтино – како до помали сметки за греење?

Топло а евтино – како до помали сметки за греење?

Со мали промени во однесувањето и мали инвестиции во домот може да се постигнат големи заштеди.

Еден степен постудено, 5% помала сметка. Со поставување на термостат на системот кој во просторијата ќе одржува 20 наместо стандардните 23 C˚ заштедите се значителни. Ова е проста математика за заштеда при греењето. Навечер доволно е температурата да биде меѓу 15 и 17 C˚ со што би се генерирала дополнителна заштеда, а наутро за кратко време системот за греење би ги постигнал потребните 20 C˚.

Исто така може да се заштеди и со тоа што различни простории ќе бидат различно загреани. Препорачани температури во зависност од намената на просторијата се: ходник 16-18 C˚, спална 17-18 C˚, кујна 18-22 C˚, работна соба 18-22 C˚, дневна соба 20-23 C˚, купатило 20-24 C˚.

Ако се постави термостатскиот вентил сметките сметките може да се намалат и до 20%, Тој автоматски ја регулира температурата во секоја соба каде што се наоѓа, а заштедата се реализира со тоа што сам ја регулира температурата која што му е зададена.

Инсталацијата на собен термостат може да ги намали трошоците за греење од 7-15%.  Програмирајте го собниот термостат кога не сте дома или за време на ноќта да биде на помала температура. Исто така, можете да го регулирате системот за греење така што ќе се гаси еден час пред да излезете од дома или пак ќе се пали половина час пред да се вратите дома (од работа, училиште, прошетка итн.).

Со замена на грејните тела со поефикасни може да се постигнат многу големи заштеди, а инвестицијата да се врати уште истата сезона. Ова особено важи за оние кои користат струја – греалките трошат најмногу, потоа следуваат термо печките а најефикасни се клима уредите особено ние со инвертер.

Посериозно вложување претставува подобрувањето на изолацијата во самиот дом.

„Ставање на топлинска изолација и прозорци е мерка која бара најголемо вложување, но е и најисплатлива. Не се исплатува за една или две години, потребни се седум или осум, во зависност од тоа каков бил објектот“ вели професорот Ристо Цицонков кој е експерт за енергетика и за системи за греење и ладење.

Постојат и други едноставни и евтини начини на кои може да се подобри греењето и да се намалат сметките.

Системот за греење да се исклучува при подолго отворање на прозорец – загуби односно намалување на температурата, преку отворање на прозор е една од најчестите грешки за губење на енергијата. Ако се користат радијатори да се постави алуминиумска фолија меѓу нив и ѕидот за да се рефлектира топлината. Проветрувањето да се прави само преку ден кога е најтопло, навечер собите да бидат затворени, како и вратите од ходниците, плакарите и помошните простории кои не се греат. Котлите на нафта гас и дрва редовно да се чистат – најмалку еднаш годишно. Електричните греалки да се вклучуваат директно во штекер, а не на продолжен кабел. Просторот меѓу ѕидот и прозорецот да се пополни со силикон, така ќе се подобри изолацијата. Да се постават теписи, по можност со подолги реси, врз дрвените подови и плочките – тие ќе ја стопираат апсорпција на топлината од подот.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП