23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei продаде повеќе од 200 милиони телефони во 2018 година

Huawei продаде повеќе од 200 милиони телефони во 2018 година

Huawei во текот на 2018 година продаде повеќе од 200 милиони телефони, што е нов рекорд за кинескиот гигант. Исто така, тоа е значителен скок во споредба со 2017 година, кога беа продадени (исто така тогашен рекорд) 153 милиони телефони.

Ова не треба да биде изненадување бидејќи оваа година се укажуваше на голема експанзија на Huawei. Впрочем, оваа година тие го надминаа Apple и сериозно го “нападнаа” Samsung на првото место.

Нивниот телефон предводник, серија “P20 “и “Mate20” придонесоа за овој успех (со 16, односно 5 милиони продадени примероци), но не и одлучувачки за овој успех. Највисоката продажба беше направена од телефони од серијата “Nova”, вклучувајќи го и новопласираниот телефон  “Nova4”.  Huawei има продадено повеќе од 65 милиони од овие телефони од средна класа. Големи продажни резултати постигна и серијата “Honor”, особено моделите “Honor 10” и “View 10”, за кој не се споменуваат конкретни бројки, но во извештаите се споменува дека тие се еден од главните фактори за успех на кинеската компанија.

Овие вредности можеби изгледаат чудно, ако се земе предвид неодамнешното апсење на финансиската директорка на Huawei во Канада. Сепак, ова е показател за тоа колку оваа компанија е малку зависна од западниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП