6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMicrosoft дава премии за хакерските напади на Windows 8.1

Microsoft дава премии за хакерските напади на Windows 8.1

microsoftt

Американската софтверска компанија „Microsoft“ најави дека ќе дава премии кои достигнуваат до 100.000 долари на оние кои ќе успеат на вистински оригинален начин да ја пробијат најновата верзија на нејзиниот софтвер „Windows“.

За прв пат „Microsoft“ ќе понуди награди на оние кои покажат некои слабости и пропусти во софтверот и ќе ги пријават во компанијата. Програмата со премиите ќе започне на 26-ти јуни кога ќе излезе малку модифицираната верзија на софтверот „Windows 8.1“.

Наградите ќе бидат доделени во следниве категории: До 100.000 долари – за „навистина“ оригинални техники за хакерски напад на „Windows 8.1“. До 50.000 долари се даваат за методи за заштита од хакирање и во текот на еден месец се даваат по 11.000 долари за секој кој ќе открие слабост во интернет пребарувачот „Explorer“ на Windows 8.1 верзијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП