3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТурските банки ja преземаат контролата над најголемиот телеком во земјата

Турските банки ja преземаат контролата над најголемиот телеком во земјата

Некои од водечките турски банки ја презедоа контролата над „Turk Telekom“ – најголемата телекомуникациска компанија во земјата, подготвувајќи се за веројатна продажба, откако претходниот сопственик „Otas“ прогласи стечај по заем за неколку милијарди долари, пишува „Bloomberg“.

„Akbank“ ќе има удел од 35,6% од специјалното друштво наменето да го преземе контролниот удел на „Otas“ од 55 проценти, „Turkiye Garanti Bankasi“ ќе има 22,1% од новата компанија, а „Turkiye Is Bankasi“ – 11,6%, покажуваат документите. Другите сопственици не откриваат, иако речиси 30 локални и меѓународни банки претходно оваа година сигнализираа дека ќе учествуваат во новоформираната компанија.

Доверителите имаат намера да го продадат контролниот пакет-акции, според посебната изјава на „Lazard“, која беше консултант при создавањето на компанијата. Банките порано сигнализираа со плановите да ја преземат контролата, а извршниот директор на „Akbank“ рече претходно овој месец дека планираат да го продадат „Turk Telekom“ на „прифатлив инвеститор“, а не да го управуваат сами.

Доверителите првично му обезбедија на „Otas“, чие полно име е „Ojer Telekomunikasyon“, заем од 4,75 милијарди долари. Банките, меѓу кои се и „BNP Paribas“ и „Deutsche Bank“, водат преговори со години, откако „Otas“ не успеа да плаќа придонес за кредитот во септември 2016-та година.

Падот на турската лира влијаеше на приходите кои „Otas“ ги добиваше од дивидендите на „Turk Telekom“, и со тоа го комплицираше исплаќањето на долгот на доларскиот заем. Компанијата беше контролирана од компанија во Дубаи, која беше делумно во сопственост на „Saudi Telecom“.

Меѓу другите акционери во „Turk Telekom“ ја вклучуваат владата која држи 25% и го поддржува планот за новата компанија, како и државниот инвестициски фонд со удел од 6,7%. Останатите акции се тргуваат јавно. „Raiffeisen Investment“ исто така беше консултант при создавањето на специјалната компанија.

„Turk Telekom“, исто така, избра нов претседател – турскиот заменик-министер за транспорт, Омер Фатих Сајан, кој беше заменик-претседател на компанијата. Тој го замени Мохамед Харири.

Друштвото со специјална цел – „Levent Yapilandirma Yonetimi“ – излезе со одделно соопштение во кое вели дека негова главна цел е да овозможи пренесување на удел на експертскиот инвеститор што е можно побрзо, што е во интерес, како на „Turk Telekom“, така и на земјата како целина, се вели во извештајот на „Анадолу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП