4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG ќе започне со масовно производство на флексибилните екрани

LG ќе започне со масовно производство на флексибилните екрани

ekranni

„LG Display“ најави дека ќе започне со масовно производство на флексибилните „OLED“ екрани за паметните телефони во текот на четвртиот квартал од 2013-та година.

Флексибилните екрани ќе поддржуваат „ultra HD“ и покрај очигледните предности на флексибилност, тие ќе бидат многу тенки.

„Ние го завршивме развојот на нашите први флексибилни екрани. Ќе почнеме со масивно производство во четвртиот квартал од оваа година“, стои во соопштението кое го објавија од „LG“.

Фабриката би требало да произведува 12.000 листови месечно, но не е прецизирано колку екрани може да се произведат од еден лист.

Првиот клиент за флексибилните екрани ќе биде „LG Electronics“, мнозинскиот сопственик на „LG Display“, кој планира да го претстави својот прв флексибилен паметен телефон кон крајот на годината.

Во „LG“ се надеваат дека флексибилните екрани нема да бидат само новитет на пазарот за мобилни екрани и се надеваат дека својата технологија ќе ја продадат на други производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП