27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse планира да ги намали трошоците и да затвори една од...

Credit Suisse планира да ги намали трошоците и да затвори една од своите единици

Намалување на трошоците и затворање на единицата во која „Credit Susisse“ ги постигна своите лоши резултати се средствата кои ќе помогнат за зголемување на враќањето на нејзиниот капитал без нематеријалните средства (ROTE) до најмалку 10% во 2019-та година, изјави претседателот на компанијата Урс Ронер во интервју, цитиран од „Ројтерс“.

Според неговите зборови, целта е остварлива.

„Со ова ќе се издвојуваме од другите банки во Европа“, коментира тој за „Neue Zeurcher Zeitung“ (NZZ), наведувајќи дека станува збор за мерки за отстранување на Одделението за стратешки одлуки, каде резултатите од работењето го намалуваат претставувањето на банката.

„ROTE“ за првите девет месеци од годината достигна 6,3%.

Ронер, кој е адвокат, е претседател на „Credit Suisse“ од 2011-та година. За весникот тој коментира дека сака да остане на функцијата до 2021-ва година, но објасни дека одлуката зависи од акционерите. Ронер додаде дека напорите на главниот извршен директор за преструктуирање на банката можат да доведат до понуди за работа на друго место, но не е загрижен дека неговиот колега „ќе го напушти бродот“.

„Знам дека тој многу се радува да работи во „Credit Suisse“ и не планира да ја напушти банката“, категоричен е претседателот.

Од почетокот на годината досега акциите на „Credit Suisse“ ја намалија својата вредност за 38 проценти, што е повеќе од 33-те проценти на постариот конкурент „UBS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП