27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоранешниот претседател на Нисан останува в затвор

Поранешниот претседател на Нисан останува в затвор

Шансите на поранешниот претседател на Нисан, Карлос Госн да бидат ослободени од затвор пред Божиќ пропаднаа откако јапонските обвинители објавија во петокот дека тој повторно бил уапсен под обвинение за злоупотреба на довербата.

Тоа значи дека тие можат да го задржат барем уште два дена. Госн, кој е в затвор веќе еден месец постигна мала правна победа откако судот во Токио го одби барањето на обвинителите да се продолжи неговата казна, што го отвори патот за негово изглегување оттаму пред Божиќ.

Со одобрение од судот, обвинителите можат да го продолжат притворот на Госн за уште 10 до 20 дена. Продолжениот притвор на поранешниот претседател на Нисан без официјални обвиненија против него го доведе јапонскиот правен систем во прашање.

Неговиот случај покажа „колку е ужасен јапонскиот кривично-правен систем“, рече Кана Сасакура, професор по право на Универзитетот „Конан“ во Кобе, чија работа вклучува борба против погрешни осудувања во земјата.

Во обид да го задржат Госн во притвор, обвинителите тврдат дека тој префрлил на 1,85 милијарди јени (16,6 милиони долари) од загубите од неговите приватни инвестиции во подружницата на Нисан, кога започна глобалната финансиска криза од 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП