19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроширена Управата на НЛБ Банка АД Скопје

Проширена Управата на НЛБ Банка АД Скопје

На 18 Декември 2018 година Гувернерот на Народната Банка на Република Македонија издаде Решение за согласност за именување на г-дин Гинтер Фриедл за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Со именувањето на г-дин Фриедл менаџерскиот тим на Банката дополнително се зајакнува и заедно со г-дин Антонио Аргир (Претседател на Управниот одбор) и г-дин Дамир Кудер (Член на Управниот одбор), истиот сега ќе брои 3 члена.

Новиот член на Управата е со 22 годишно меѓународно искуство во истакнати финансики инситуции и ќе биде задолжен за координација на финансиските активности на Банката. На оваа позиција г-дин Фриедл доаѓа од НЛБ д.д. Љубљана, каде во изминатите 9 месеци работеше на функцијата на Регионален менаџер задолжен за Македонија и Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП