28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGSK и Pfizer ги здружуваат бизнисите за корисничко здравје

GSK и Pfizer ги здружуваат бизнисите за корисничко здравје

Фармацевтската компанија „GlaxoSmithKline“ планира да се раздели на две единици – една за лекови на рецепт и вакцини, а другата за производи без рецепт – откако формира нова заедничка компанија со бизнисот за корисничко здравје на „Pfizer“, соопштува „Ројтерс“.

Реструктуирањето е храбар потег досега на главниот извршен директор Ема Вомсли кој ја презеде функцијата во минатата година.

Претходно таа ја отфрли идејата за поделба на групата – нешто за што голем број инвеститори повикуваат со години.

Во средата сепак Вомсли објави дека „GSK“ и „Pfizer“ ќе ги здружат единиците за корисничко здравје во едно заедничко вложување со продажба од 9,8 милијарди фунти. 68% од неа ќе бидат во сопственост на британската компанија, а договорот е целосно со акции.

Од „GSK“ изјавија дека договорот ги поставува основите за создавање на две нови базирани во Велика Британија глобални компании кои се фокусирани на лекови на рецепт и вакцините и врз корисничко здравје за три години по завршувањето на трансакцијата.

За „Pfizer“ зделката го решава нејзиниот проблем со одделот за здравје на потрошувачите, што го вклучува лекот „Advil“ и витамините „Centrum“, откако не успеа да ги продаде претходно во оваа година.

Новата заедничка компанија со „Pfizer“ се очекува да генерира заеднички годишни заштеди по цена од 500 милиони фунти. До 2022-ра година при очекуваните општи монетарни расходи од 900 милиони фунти и безготовински такси од 300 милиони фунти.

Во обид да ги увери инвеститорите во финансиската сила, „GSK“ ги прошири гаранциите за дивидендата, велејќи дека очекува да ја плати истата дивиденда од 80 пени по акција и во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП