
Kомпанијата „HTC“ на специјална манифестација која се одржа во Тајван конечно го откри својот нов уред наречен „Butterfly S“.


Kомпанијата „HTC“ на специјална манифестација која се одржа во Тајван конечно го откри својот нов уред наречен „Butterfly S“.
Станува збор за паметен телефон со 5 инчен екран и со резолуција од 1080p „Super LCD 3“, како и „BoomSound“ стерео систем на предните звучници.
„Butterfly S“ работи на оперативниот систем „Android Jelly Bean“, додека процесорот му е „quad core 1.9GHz Snapdragon 600“. Овој паметен телефон има импресивна батерија од 3.200mAh, 2 GB RAM и 16GB простор за складирање на информациите која може да се прошири со вметнување на „microSD“. Тука е и „UltraPixel“ камерата, но за неа нема други податоци.
Телефонот прво ќе се појави на пазарот во Тајван по цена од околу 766 долари, сепак се уште не се знае кога ќе пристигне во Европа и по која цена ќе се продава.