29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако ќе изгледа новиот комплекс Скопје Дајмонд (фото)

Како ќе изгледа новиот комплекс Скопје Дајмонд (фото)

Светски реномираната компанија со седиште во Турција “Лимак Холдинг”, реализира интензивни градежни активности на просторот околу Старата железничка станица во Скопје. Компанијата ги доби сите неопходни дозволи за градба, завршени се подготвителните активности на проектот, како и активностите во координација со Градот Скопје, општина Центар, и останатите државни институции.

“Diamond Skopje” ќе понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше неуреден и запоставен, а граѓаните на Скопје дел од градот на кој можат да бидат горди.

Во тек е и изведба на подземниот булевар, како и на Лимак хотелот кој е веќе во понапредна фаза.

Изградбата на подземната улица се планира да биде завршена во период од 22 месеци. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Двонасочен коловоз во 4 ленти и 2 ленти за трамвај/автобус, со должина од 800 метри, кој ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.

Во комплексот “Diamond Skopje” автентично ќе се вклопи и симболот на градот – Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти.

Станува збор за уникатен и комплексен проект вреден 250 милиони евра, кој ќе вклучува околу 772 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности ресторани, кафулиња, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.800 автомобили. Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри.

г. Сердар Баџаксиз, Потпретседател во “Лимак Инвестиции” : “Јас сум сигурен дека “Diamond Skopje” ќе биде новиот центар на градот од сите аспекти, било да се работи за бизнис, за социјализација или за културни настани. Целиот комплекс се надеваме дека ќе донесе нови бизниси, инвеститори и потрошувачи од целиот свет, со што дополнително ќе ги отвориме портите на Македонија кон светот. “

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП