3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Словенија десет отсто од вработените се странци

Во Словенија десет отсто од вработените се странци

Во Словенија, едно од десет работни места е пополнето со странци, според најновите податоци од статистичкиот институт.

Скоро 10 отсто од сите вработени во Словенија се странци, а нивниот број е зголемен за 19,5 отсто за една година, на 87 000, според најновите податоци на статистичкиот институт.

Најмногу странски работници доаѓаат од Босна и Херцеговина (42.000), Србија (10.800) и Хрватска (7.500).

Повеќето од нив се вработени во градежништвото (23.400), производство (20.300), транспорт и складирање (14.800).

Во извештајот на институтот се вели дека бројот на работни места во Словенија се зголеми на 885.700 во октомври, објави Тањуг.

Бројот на вработени во земјата се зголеми за 0,9 отсто во однос на ноември и за 3,2 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Повеќе од половина од вработените се мажи, нивниот број е зголемен за 0.8 проценти во однос на септември, што изнесува 486.600, додека бројот на вработени жени се зголеми за еден процент на 399.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП