5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSaxo Bank ја купува BinckBank за 480 милиони долари

Saxo Bank ја купува BinckBank за 480 милиони долари

Данскиот финансиски гигант „Saxo Bank“ ќе ја купи платформата за онлајн инвестиции „BinckBank“ за сума од 480 милиони долари, пишува „Reuters“.

Договорот ќе и овозможи на „Saxo Bank“ да го прошири своето присуство во сегментот на онлајн трговијата, каде што конкуренцијата станува жестока.

Традиционалните банки се натпреваруваат за удел на пазарот со „fintech“ стартапите, платформите за онлајн плаќања и големите интернет трговците, како „Amazon“, кои веќе нудат сопствени финансиски производи.

Заокружувањето на регулаторната рамка и растечките барања на клиентите, исто така имаат сериозен притисок за развојот на финансиската индустрија, пишува агенцијата.

И во моментов најголемиот дел од приходите на „Saxo Bank“ доаѓаат од платформите за онлајн трговија и приватните трејдери на девизните пазари. Мнозински сопственик на данската компанија е кинескиот автомобилски поризводител „Zhejiang Geely Holding Group“.

Ким Фурне очекува консолидацијата во секторот да продолжи, а главните мотори на овој процес продолжуваат да бидат ниски каматни стапки и смалувањето на провизиите на посредниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП