29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ ја казни Guess со 40 милиони евра

ЕУ ја казни Guess со 40 милиони евра

Европската комисија денес ја казни модната компанија „Guess“ со 40 милиони евра поради блокирање на прекуграничните продажби и рекламирањето, и за одржување на вештачки надуените цени во некои земји членки на ЕУ, пренесоа агенциите.

Таканареченото геоблокирање – дискриминаторска практика која не им дозволува на онлајн клиентите да добијат пристап до производи или услуги и да ги купат од веб-страната основана во друга земја членка, е прекршување на правилата на ЕУ. Новите законски одредби кои ги бришат ограничувањата за прекуграничен онлајн шопинг, влегоа во сила на 3-ти декември, но постапките против „Guess“ почнаа порано, во јуни 2017-та година.

„Договорите за дистрибуција на „Guess“ се обидуваат да ги спречат корисниците од ЕУ да купуваат во други земји-членки, како и блокирање на рекламирањето и прекуграничната продажба на трговците“, изјави во коминике еврокомесарот за конкуренција Маргрете Вестагер.

„Ова и овозможува на компанијата да одржува вештачки високи цени, особено во земјите од Централна и Источна Европа“, додаде таа. Производите на „Guess“ таму чинат до 10 проценти повеќе, отколку на западноевропските пазари“, истакна ЕК.

„Guess“, на пример ги ограничува трговците да користат името на брендот за онлајн рекламирање, да продаваат на интернет без посебна дозвола, да продаваат на клиенти кои се надвор распределени од нивните територии, да продаваат прекугранично меѓу други трговци на мало и да ги дефинираат сопствени цени за производи од „Guess“, соопшти комисијата.

Ова им овозможува на распоредената компанија во САД, меѓу чии трговски марки е и „Marciano“, да ги „дели европските пазари“, вели комисијата.

ЕК, која ја следи конкуренцијата во ЕУ, ја намалила казната со 50 проценти, откако „Guess“ соработуваше во истрагата, се посoчва во коминикето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП