17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle ги надмина очекувањата со својата прогноза за приходите

Oracle ги надмина очекувањата со својата прогноза за приходите

Технолошката компанија „Oracle“ предвидуваше добивка за тековниот квартал, која се покажа над очекувањата од аналитичарите, откако растот на нејзините облачни услуги и единицата за одржување на лиценци и помогнаа на компанијата да ги надмине прогнозите на „Wall Street“ за вториот квартал, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на „Oracle“ ја зголемија својата вредност со 5 отсто, а компанијата тврди дека ако се исклучат девизните флуктуации, таа очекува дека нејзината коригирана добивка во третиот квартал да биде помеѓу 86 и 88 центи по акција. Просечната прогноза на аналитичарите е 84 центи по акција, според „Refinitiv“.

Приходите од облачните услуги и одржување на лиценците, кои се нејзини најголеми, се зголемија за 2,7 отсто на 6,64 милијарди долари, надминувајќи ги проекциите. Ова е затоа што се повеќе и повеќе компании се свртуваат кон облачните услуги од традиционалниот модел на лична база на податоци поради нивната желба да ги намалат трошоците.

Во јуни „Oracle“ создаде нова структура за известување на приходите, спојувајќи ги во еден облачен бизнис и овој со софтверските лиценци, а аналитичарите велат дека тоа дава малку детали за самостојното претставување на облачната единица.

„Oracle“ влезе подоцна во брзо растечкиот бизнис со облачен софтвер, но направи агресивни чекори напред, во обид да ги стигне конкуренти како „Workday“, „Microsoft“ и „Salesforce“.

Нето добивката на „Oracle“ се зголеми на 2,33 милијарди долари, или 61 центи по акција, во вториот квартал, кој заврши на 30-ти ноември. Со исклучок на некои елементи, компанијата заработи 80 центи по акција, надминувајќи ја просечната проценка од 78 центи по акција.

Вкупните приходи паднаа незначително до 9,56 милијарди долари, но ги надминаа очекувањата за 9,52 милијарди долари.

Цената на акциите на компанијата достигна 48 долари за време на последната берзанска трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП