29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Нестле“ укинува работни места во Германија

„Нестле“ укинува работни места во Германија

Швајцарскиот гигант за производствo на храна „Нестле“ објави денеска дека ќе укине околу 380 работни места во Германија поради падот на побарувачката и преместувањето на производството.

„Нестле“ вработува повеќе од 330 000 луѓе ширум светот, а во јуни најави затворање на една фабрика во Лудвигсбург каде што вработуваат околу 100 работници на производство на замена за кафе „Каро“ и пржени житарици.

Во соопштението за медиумите денес е објавено затворањето на лабораторијата во Вајдингер, каде што 85 луѓе ќе останат без работа.

Дополнителни 106 работни места ќе бидат укинати во фабриката за бебешка храна во Бисенхофен, Баварија, а уште 95 во фабриката во Лидингхаузен, каде што се произведува „Маги“.

Соопштението беше објавено по договорот меѓу раководството и синдикатот за отпремнината за работниците кои ќе останат без работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП