САД официјално го одложија зголемувањето на царините врз кинески увозни стоки за 200 милијарди долари од 1-ви јануари за 2-ри март, пренесоа агенциите, повикувајќи се на соопштение од канцеларијата на трговскиот претставник на САД.
Промената беше направена кога двете страни се обврзаа да започнат нови преговори за трговијата и интелектуалната сопственост.
Царинските давачки за кинескиот увоз од 200 милијарди долари ќе се зголемат на 0,01 часот источноамериканско време (0.6 часот по македонско) на 2-ри март. Тие ќе се зголемат од сегашните 10 отсто на 25 отсто.
Промената не влијае на веќе применетите кинески тарифи за 50 милијарди долари, што започна претходно во оваа година.
Одложувањето на зголемувањето на царините доаѓа во позадина на позитивните чекори преземени од двете страни по средбата на 1-ви декември во Буенос Аирес меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпин.
Во соопштението на трговскиот претставник не се наведуваат очекувања за резултатите од новите преговори, ниту се споменуваат преземените чекори од Кина претходно во оваа недела за обновување на купувањата на соја од САД. Исто така, не се споменува одбивањето на Пекинг да ги зголеми увозните давачки за американските автомобили и автомобилски делови на 25%. Досега мерката е стопирана за три месеци, објави „Ројтерс“.
Мислењето на кинеското министерство за финансии, во кое е објавен откажувањето од новите давачки, наведува дека властите во земјата се надеваат преговорите со Вашингтон да се забрзаат.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлуката. „САД се справува многу добро. Кина сака да направи голем и многу комплициран договор. Тоа може да се случи и наскоро“, напиша претседателот на „Твитер“.
Набрзо по објавувањето на одлуката од американската автомобилска компанија „Tesla“ исто така, рекоа дека ќе ги намалуваат цените на своите возила „Model S“ и „Model X“ за Кина.