5 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 15-16.12.2018

Викенд хороскоп 15-16.12.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некој во вас поттикнува креативна енергија и дополнителна мотивација во работата со која се бавите. Околината има позитивна улога во создавањето на различни деловни комбинации. Преземете иницијатива и поставете јасни цели. Во емотивна смисла имате добро претчувство и делувате неодоливо.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Избегнувајте ги непознатите ситуации или соработниците кои со своето однесување ја реметат вашата концентрација. Повеќето работни обврски можете да ги завршите на рутински начин. Партнерот ќе ви упати неколку замерки, не започнувајте кавга.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сочувајте го своето оптимистичко расположение. Важно е да го следите деловниот тренд кој ви овозможува широка афирмација меѓу соработниците. Повремено предност треба да им дадете на работите во кои добро се чувствувате. Поработете малку на вашите манири.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе почуствувате потреба за искрен разговор со личност која без страв може да ги открие сите свои тајни. Доколку постои некој таков не се срамете да побарате дел од неговото време. После разговорот ќе се чуствувате подобро и поведро.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Се можете да постигнете кога се наоѓате во центар на главните случувања. Успехот ви е на дофат на рака, направете се што е потребно да остварите професионлален и личен максимум во различните правци. Намалете ги нервозите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Заклучувате дека средбата со едно лице не донесува големо олеснување или одговори на важните прашања. Избегнувајте полемики и почитувајте ги официјалните прописи. Со партнерот ќе бидете во хармонија.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Некој ќе ви приреди негативно изненадување. Мали се шансите да добиете објаснување за таквата постапка. Викендов без никаква причина на партнерот ќе му правите љубоморни сцени.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе морате да научите да се изборите со колегите. Поинаку, нема да можете да се изборите за своите идеи и планови. Ќе ви недостасува емотивна поддршка од партнерот, побарајте го тоа од него, ќе ви биде дадено.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате добро претчувство и затоа вложувате огромна енергија и подготвени сте да прифатите одреден ризик во договорот со соработниците. Попатните компликации на патот до целта стануваат речиси неважни. Важно е да чувствувате емотивна инспирација.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се обидувате да пронајдете компензација за незадоволство. Превземете нешто поконкретно. Тргнете во акција. Само така ќе бидете повеќе исполнети и ќе имате повеќе пари.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Јасно ви е дека во некои важни ситуации немате доволно влијание на развојот на деловните случувања. Побарајте нечија поддршка или добар совет, постојат решенија кои ќе донесат компромис. Размената на идеи и тимската работа секогаш потенцијално носат подобри резултати.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Финансиите ви се поправаат, конечно и кај вас ќе дојдат некои пари од наследство, игри на среќа или слично. Спротивниот пол ве гледа како мистериозна личност. Оние во врска ќе се борат против љубомората на партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП