29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛуксембург и Германија со највисок, Бугарија, Хрватска и Унгарија со најнизок животен...

Луксембург и Германија со највисок, Бугарија, Хрватска и Унгарија со најнизок животен стандард во ЕУ

Жителите на Луксембург и Германија имаат највисок животен стандард во ЕУ, додека на дното се Унгарија, Хрватска и Бугарија, покажува истражувањето на Еуростат.

Највисоко ниво на реална потрошувачка по глава на жител, изразено по паритетот на куповна моќ, бележи Луксембург, и тоа со над 30% над просекот на ЕУ. Следи Германија со стандард кој е поголем за една петтина од просекот на ЕУ.

Во втората група се: Австрија, Данска и Обединетото Кралство, каде фактичката потрошувачка по глава на жител, мерен по паритетот на куповна моќ, во текот на 2017 година се движи од 15 до 20 отсто над просекот на ЕУ. Во Белгија, Финска, Холандија, Шведска и Франција, потрошувачката беше околу десет проценти над просекот.

Според куповната моќ на домаќинствата, само десет земји на ЕУ во 2017 година беа над просекот на ЕУ, посочи Еуростат.

Земјите со најниска потрошувачка по глава на жител (повеќе од 30 проценти под европскиот просек) се Романија, Литванија, Хрватска, Унгарија и Бугарија. Во Хрватска реалната потрошувачка по глава на жител измерена по паритет на куповната моќ минатата година беше 38% под просекот на ЕУ.

Значителни разлики помеѓу земјите на ЕУ исто така се забележани и кога се споредува бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител.

Прв е повторно Луксембург со БДП два и пол пати повеќе од просекот на Унијата. Следи Ирска со БДП двојно поголем од просекот, па Холандија, Данска, Австрија, Германија и Шведска со БДП по глава на жител со една четвртина поголем од просекот на ЕУ. Нешто под просекот се Италија, Малта и Шпанија.

Групата на земји со БДП по глава на жител понизок за 10 до 25 отсто од просекот го сочинуваат Чешка, Словенија, Кипар, Литванија, Португалија, Естонија и Словачка.

Хрватска го зазема претпоследното место со БДП од 38 отсто под просекот на ЕУ.

Последното место и припаѓа на Бугарија, која има 51 отсто помал БДП од просекот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП