4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Луј Витон“ купува луксузна хотелска групација за 3,2 милијарди долари

„Луј Витон“ купува луксузна хотелска групација за 3,2 милијарди долари

Француската компанија за луксузни добра „Луј Витон Мо Хенеси“ (LVMH) ја купува хотелската групација „Белмонд“, во рамки на договор чија вредност компанијата ја процени на 3,2 милијарди долари.

Од LVMH соопштија дека се согласиле да платат по 25 долари за акција на „Белмонд“, што е премија од 40 отсто во споредба со цената од вчерашното затворање на берзата, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Со трансакцијата, која треба да биде завршена во првата половина на 2019 година, вредноста на „Белмонд“, вклучувајќи го и долгот, се проценува на околу 3,2 милијарди долари.

„Белмонд“ поседува или управува со 46 луксузни хотели, ресторани и бродови за крстарење во Европа и Азија.

Заработката на компанијата пред каматите, даноците и амортизацијата изнесуваше 140 милиони долари годишно, заклучно со 30 септември 2018.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП