29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBrabus го претвори AMG G63 во теренски суперавтомобил (фото)

Brabus го претвори AMG G63 во теренски суперавтомобил (фото)

Германската тјунерска куќа која е специјализирана за автомобилите на „Mercedes-Benz“ – „Brabus“ подготви вистински „ѕвер“ на тркала базиран на претходната генерација на „G Сlasѕ“.

Иако во „Brabus“ веќе ја преработија и новата генерација, уште еднаш ја искористија целата на моќ на „бесмртниот“ модел „AMG G63“.

Така настана „Brabus 700 4×4 4×4² Final Edition“ со 700 Ks и 960 Nm од 5,5-литарскиот битурбо „V8“ агрегат.

„G Сlasѕ“ на „Brabus“ забрзува од местодо 100 km/h зa само пет секунди со ограничена максимална брзина од 210 km/h.

Од „Brabus“ особено го истакнуваат електронското подесување на суспензија со кое автомобилот може да се подигне за дополнителни 60 cm нa 22-инчните бандажи и посебните „Pirelli Scorpion ATR“ гуми со димензии 325/55.

Со четирите режими на возење („Comfort“, „Sport“, „Off-Road“ и „Individual“), погонот преку двете осовини, заштитните панели, гумите и блокадата на диференцијалот, се чини дека овој автомобил може да излезе на крај со сите препреки со кои ќе се соочи.

„Brabus“ ќе направи само десет примероци од „700 4×4² one of ten Final Edition“ со почетна цена од 209.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП