19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКои телефони на Apple ќе бидат забранети во Кина

Кои телефони на Apple ќе бидат забранети во Кина

Борбата помеѓу “Apple” и производителот на процесори “Qualcomm” достигна нов врв.

“Qualcomm” однесе голема победа над технолошкиот гигант од Купертино, а резултатот е забрана за увоз и продажба на најновите iPhone телефони во Кина.

Кинескиот суд застана на страната на производителот на процесори, откако го обвинил “Apple” за кршење на две патентни права во врска со управувањето со апликациите и со промена на големината на фотографиите.

Моделите погодени од оваа забрана се iPhone 6s, 6s Plus, 7, 7 Plus, 8, 8 Plus и X.

Со други зборови, забраната за продажба се применува на скоро сите сегашни Apple телефони.

Ова е голема победа за Qualcomm, но сега на потег е Apple, така што овој триумф можеби нема долго да трае.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП