26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple ќе инвестира милијарди во САД

Apple ќе инвестира милијарди во САД

„Apple“ ќе инвестира 1 милијарда долари во изградба на нови канцеларии во Тексас, а паралелно со тоа ќе вложи 10 милијарди долари за изградба на нови центри за податоци во САД во следните 5 години, отворајќи 20.000 нови работни места.

За капак, компанијата ќе изгради и нови канцеларии во Сиетл, Сан Диего и Калвер Сити, Калифорнија, покрај тоа ќе ги прошири своите операции во Питсбург, Њујорк, и Болдер, Колорадо, во наредните 3 години, пренесува „Reuters“.

„Apple“, која генерира околу половина од своите приходи од странските пазари, се соочува со политички притисок да ја зголеми својата инвестиција во родната земја.

Американскиот претседател Доналд Трамп инсистираше на ова во текот на изминатите две години, посочувајќи дека американските компании мора да ги произведуваат своите производи дома, а не во Азија.

Новиот кампус на „Apple“ во Остин ќе биде километар и половина од постојните објекти на компанијата.

Центрите за податоци во Северна Каролина, Аризона и Невада сега се прошируваат, велат од „Apple“.

Во позадина на тоа, технолошките конкуренти, како „Amazon“ заврши со пребарувањето на дом за својата втора централа, избирајќи ги Њујорк и Арлингтон, Вирџинија, за нови големи канцеларии, каде што е планирано отворање на илјадници нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП