11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung затвора една од своите фабрики во Кина

Samsung затвора една од своите фабрики во Кина

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung Electronics“ ќе ги прекине операциите на една од своите фабрики за производство на паметни телефони во Кина, објави компанијата, цитирана од светските агенции.

Ова се случува во момент во кој продажбата на најголемиот пазар на смартфони во светот се намалува, во позадина на зголемената конкуренција од страна на играчите кои нудат поевтини уреди.

Пазарниот удел на „Samsung“ на кинескиот пазар се намалил до 1% во првиот квартал од оваа година, во позадина на огромната конкуренција од домашните брендови како „Huawei“, покажуваат податоците на компанијата за истражување на пазарот „Counterpoint“, од околу 15% во средината на 2013-та година.

„Како дел од тековните напори за зајакнување на ефикасноста на нашите производствени единици, „Samsung Electronics“ дојде до најтешката одлука да стави крај на операциите на „Tianjin Samsung Electronics Telecommunication““, посочува гигантот во соопштението, со оглед на фабриката во кинескиот град Тианџин.

Фабриката, во која во моментов работат околу 2.600 лица, треба да биде затворена до крајот на оваа година.

„Samsung“, која е најголемиот производител на смартфони во светот, соопшти дека ќе им понуди компензација на вработените и ќе им даде можност за трансфер во други единици на компанијата.

„Samsung“, која се фокусира во поевтини уреди за производство за земји како Виетнам и Индија, дополнува дека ќе продолжи да работи во другата нејзината кинеска фабрика која се наоѓа во една од јужните провинции.

Фабриката во Тианџин произведува 36 милиони мобилни телефони годишно, а другата – 72 милиони уреди. Двете во Виетнам произведуваат вкупно 240 милиони примероци годишно, тврди јужнокорејскиот весник „Electronic Times“.

„Samsung“ одби да го открие капацитетот на своите фабрики.

Од компанијата велат дека Кина останува важен пазар за неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП