20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin претстави V12 агрегат од 1.000 ks зa моделот Valkyrie (видео)

Aston Martin претстави V12 агрегат од 1.000 ks зa моделот Valkyrie (видео)

Британскиот производител „Aston Martin“ конечно го претстави целосно атмосферски „V12“ мотор кој е дел од хибридниот систем за суперавтомобилот „Valkyrie“. Во развојот на 6,5-литарскиот мотор учествувала и компанијата „Cosworth“, а и покрај импресивните карактеристики, моторот ги исполнува сите стандардни за емисии и може да се користи од страна на сериските модели.

Максималната моќност на 6,5-литарската „V12“ единица се постигнува со 10.500 вртежи во минута, што е точно 1.014 КС. Максималниот вртежен момент од 740 Nm е достапен на 7.000 вртежи во минута. Повеќето делови од моторот се направени од готови делови, некои од нив се од титаниум. Тие се позајмени од мотор од Формула 1, и на крајот тежината на единицата е само 206 килограми.

„Фактот што ве замоливте да го направите „V12“ моторот еден од најпознатите иконски модели во историјата е причина за гордост. Децениите кои ги поминавме во Формула 1, не подготвија за барањата и спецификациите, но кога почнавме ја соработката со „Aston Martin“, стана јасно дека тоа е едно од најголемите предизвици со кои се соочуваат“, коментира извршниот директор на „Cosworth“ – Брус Вуд.

Во „Aston Martin“ ќе можат да го зголемат вртежниот момент на моторот, бидејќи ќе го користат за хибридниот систем со литиум-јонските батерии за електромоторите. Така кумулативната моќност на единицата ќе достигне 1.130 КС и вртежниот момент ќе надмине 1.000 Nm.

„Со овој мотор „Cosworth“ ги надмина границите на можностите во автомобилската индустрија, се сомневам дека некогаш некои друг ќе успее да го постигне истото“, коментира извршниот директор на „Aston Martin“ – Енди Палмер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП