16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Inditex не ги оствари очекувањата

Профитот на Inditex не ги оствари очекувањата

Сопственикот на „Zara“, „Inditex“ забележа добивка во третиот квартал под очекувањата на аналитичарите, поради нестабилноста на девизните курсеви, но најголемиот трговец на мало во светот ја одржува продажбата и маргината кои одговараат на предвидувањата, соопштува „Ројтерс“.

„Inditex“, која е сопственик и на марките „Massimo Dutti“ и „Bershka“, објави добивка пред камата и даноци (EBIT) во износ од 3,07 милијарди евра (3,5 милијарди долари) за третиот квартал, што е за 3% повеќе во однос на истиот период од минатата година. Растот би можел да изнесува 14 отсто при постојан девизен курс, соопшти компанијата.

Акциите на „Inditex“ паднаа за 4,5% на почетокот на денешната берзанска трговија.

Компанијата „Zara“, која поседува продавници од Кина до Русија, е многу чувствителна на девизниот курс. Групата, контролирана од основачот Амансио Ортега, генерира над половина од продажбата во странска валута, а потоа ги менува во евра во своите извештаи.

Сепак, централизираниот модел на снабдување и дистрибуција значи дека голем дел од трошоците на мало се во евра.

„Inditex“, која пушти онлајн продажба за „Zara“ на 106 нови пазари во минатиот месец, изјави дека не било потребно да се намалува цената на облеката од септември, како што направиле нејзините конкуренти.

Аналитичарите велат дека групата ги исполнила очекувањата на аналитичарите за третиот квартал од годината, така што остварената добивка е со 4% под консензус прогнозата.

Групата објави во септември дека очекува раст на продажбата од 4 до 6 проценти во втората половина од финансиската година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП