
„OnePlus“ претстави специјална верзија на „OnePlus 6T“, модел кобрандиран со „McLaren“, објави „The Verge“.


„OnePlus“ претстави специјална верзија на „OnePlus 6T“, модел кобрандиран со „McLaren“, објави „The Verge“.
„OnePlus 6T McLaren Edition“ доаѓа со повеќе „RAM“ меморија, побрзо вчитување и во посебна бои, црна и портокалова. Овој смартфон ќе биде достапен од 13-ти декември по цена од 699 евра.

„McLaren Edition“ има 10GB RAM, 256GB меморија за складирање и „Warp Charge 30“ технологија за полнење. Кутијата го вклучува брендот „McLaren“, а „USB-C“ кабелот и адаптерот за слушалки се во црна и портокалова. Достапни на е „McLaren“ брендирани торбичка, парче од јаглеродни влакна во акрилик блок и книга со историјата на „McLaren“.

Смартфонот има флуоресцентен портокалов акцент на долниот раб на конструкцијата и сјајно црна завршница со јаглеродни влакна под стаклениот грб. Инаку, основниот дизајн останува непроменет од стандардниот „6T“. На софтверот е додадена соодветната тема во црна и портокалова боја.

Според „OnePlus“, новиот „Warp Charge 30“ полнач може да ја наполни батеријата на моделот (3,700mAh) до 50% побрзо од стандардната технологија.