5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDaimler ќе купи батерии за електрични возила во вредност од 20 милијарди...

Daimler ќе купи батерии за електрични возила во вредност од 20 милијарди евра

Германскиот производител на луксузни автомобили „Daimler“, во чија сопственост е и брендот „Mercedes-Benz“, најави дека планира да купи батерии во вредност од над 20 милијарди евра до 2030-та година, подготвувајќи се за масовно производство на хибридни и електрични автомобили.

„Со купувањето на батерии за над 20 милијарди евра, ние систематски продолжуваме напред со трансформацијата на електричната иднина на нашата компанија“, изјави главниот извршен директор на компанијата Дитер Цетче во соопштението, цитирано од „Ројтерс“.

„Mercedes-Benz Cars“ планира да претстави 130 електрични возила до 2022-ра година, покрај плановите за производство на електрични комбиња, автобуси и камиони.

Од „Daimler“ не прецизираат од кои компании ќе го направат купувањето на батерии, но досега се снабдувале од различни производители, вклучувајќи ги јужнокорејските „LG Chem“ и „SK Innovation“.

Германскиот производител објави кон крајот на минатиот месец дека идната година ќе почне да произведува електрични возила во Кина, за да се вклопат во строгите квоти против загадувањето на воздухот за автомобилските производители, иако побарувачката на конвенционални модели како „Mercedes-Benz Maybach“ останува силна, соопштува „Ројтерс“.

Кина воведе барања за минимален број на продажби на т.н. Автомобили со нови извори на енергија (NEV) и „Daimler“ е на пат да ја исполни квотата за 2018-та година, соопшти шефот на „Daimler China“, Хубертус Троска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП