4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректорката на "Huawei" пуштена на слобода со кауција

Директорката на “Huawei” пуштена на слобода со кауција

Канадскиот суд ја пушти на условна слобода со кауција финансиската директорка на кинеската компанија Huawei, Менг Вангжу, уапсена на барање на САД за кршење на иранските санкции, што предизвика дипломатски спор меѓу трите земји.

Само неколку часа пред нејзиното ослободување со кауција во Ванкувер дошле извештаи дека поранешен канадски дипломат бил уапсен во Кина, што изгледало како одмазда за апсењето на Менг Вангжу.

Менг Вангжу е финансиски директор на телекомуникацискиот гигант Huawei и ќерка на основачот на компанијата.

По три дена сослушување, канадскиот суд одобри нејзиното ослободување со кауција од 10 милиони канадски долари (7,5 милиони долари), но мора да носи електронски следач на ногата, да го предаде пасошот и да остане во Ванкувер и неговите предградија и да биде во една од нејзините две куќи во Ванкувер од 23:00 до 06:00 наутро.

Одлуката беше прифатена со аплауз во судницата каде што членовите на кинеската заедница во Ванкувер беа во голем број за да ја покажат својата поддршка. Таа го напуштила судот опкружена со нејзиното обезбедување без да одговари на новинарски прашања.

Америка бара екстрадиција на кинеската директорка поради сомневање за измама, со цел да се избегнат санкциите на САД против Иран. Пекинг побара таа веднаш да биде ослободена.

Во растечката напнатост меѓу Кина и Канада поради апсењето на Менг, канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Гудејл потврди дека поранешен канадски дипломат бил уапсен во Пекинг. Апсењето следеше по предупредувањето од Кина испратено до Канада дека ќе има последици за апсењето на Менг.

Тоа е Мајкл Ковриг, кој работел како дипломат во Кина и на други места и сега е аналитичар на Меѓународната кризна група(ICG). Тој беше уапсен од кинеската државна безбедност во понеделникот вечерта за време на една од неговите редовни посети во Пекинг.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави дека нема информации за поранешниот кинески дипломат за кои се верува дека е уапсен во Пекинг во знак на одмазда за апсење на водечкиот кинески директор. Портпаролот го потврди барањето на Кина дека Менг Вангжу треба веднаш да биде ослободена.

Портпаролот на кинеското Министерство одби да го потврди апсењето на Ковриг и рече дека Меѓународната кризна група во која работи како канадски аналитичар не е регистрирана во Кина и дека активностите на групата во Кина биле незаконски.

Меѓународната кризна група соопшти дека Ковриг беше уапсен од страна на кинеската агенција за безбедност во понеделникот за време на неговата редовна посета на Пекинг.

Следното сослушување за разгледување на екстрадицијата на Менг беше закажано за 6 февруари. Дотогаш властите на САД треба да испратат до канадскиот суд комплетна документација во врска со нивното барање за екстрадиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП