Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,997.21 2.49%    GRNT 860.00 3.42%    KMB 5,200.05 -0.07%    MPT 62,913.00 1.19%    OKTA 4,656.38 -0.08%    PPIV 41,102.00 0%    RMDEN10 98.00 -1.8%    RMDEN17 98.30 0%    SBT 2,350.00 -6%    SKP 54,000.00 0%    STB 1,012.09 -0.05%    TEL 290.00 0%    TKVS 5,350.00 -0.03%    TNB 15,499.05 -0.01%    UNI 2,067.06 -2.95%    

Најголемите снабдувачи на Apple во Азија забележаа добри месечни резултати

Време: 10:21

Датум: декември 11, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Двата најголеми азиски снабдувачи на „Apple“ најавија добро зголемување на месечните приходи, со што потенцијално ги смируваат стравувањата на инвеститорите дека побарувачката на „iPhone“ го достигна најлошиот момент во својата историја, пишува „Bloomberg“.

„Taiwan Semiconductor Manufacturing“ и „Hon Hai Precision Industry“ забележаа раст од 5,6% на ноемвриските приходи од продажбата – значително зголемување, со оглед дека доставувачите на „Apple“ во светот ги намалија прогнозите за приходите, одразувајќи го падот на побарувачката на главниот производ на американската компанија.

Иако резултатите се за само 30 дена, претставувањето на „TSMC“ и „Hon Hai“ е во рамките на најклучниот квартал од годината и може да помогне за балансирање на реториката во однос на најновите производи на „Apple“, особено за „iPhone XR“, за кој се тврди дека не успева да привлече повеќе нови корисници низ целиот свет.

Ноемвриските приходи на „Hon Hai“ достигнаа 601.4 милијарди нови тајвански долари (19.5 милијарди долари). Тие се рекордни за овој месец и ги зголемуваат приходите од јануари-ноември до близу 16%, блиску до најбрзата годишна стапка на раст во текот на годините.

Приходите на „TSMC“ достигнаа 98,4 милијарди долари, иако зголемувањето се забавува наспроти октомври, а тоа можеби покажува слабеење на нејзината позиција како главен производител на чипови за најскапите уреди на „Apple“.

„TSMC“ и „Hon Hai“ ја зголемија својата вредност за повеќе од 1% во Тајпеј.

Од „Lumentum Holdings“ до „Cirrus Logic“ и „Qorvo“, повеќе добавувачи на „Apple“ ги намалија прогнозите или се претставија полошо од очекуваното во последните месеци. Ова ги зголемува стравувањата за изгледите на „iPhone“, бидејќи конкуренцијата станува поголема и потрошувачите чекаат подолго време за да купат нов уред.

„TSMC“, која страда и поради проблемите на пазарот на криптовалути, успеа да ги разочара инвеститорите со слабата прогноза за приходите за кварталот, завршен во декември. Сепак, оваа прогноза може да се одрази поради неизвесноста околу заострувањето на трговските односи меѓу САД и Кина, велат аналитичарите.

„Apple“ придонсува за околу половина од приходите на „Hon Hai“ и околу една петтина од „TSMC“, според податоците презентирани од „Bloomberg“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • САД започнаа истрага против Deutsche Bank поради перење пари

    САД започнаа истрага против Deutsche Bank поради перење пари

    Deutsche Bank се најде во проблеми поради можните пропусти со перење пари. Федералната влада на САД истражува дали Deutsche Bank постапила во согласност со законите за…

  • ФЕД сигнализира намалување на каматните стапки

    ФЕД сигнализира намалување на каматните стапки

    Федералните резерви на САД (ФЕД) сигнализираа намалување на каматните стапки уште во јули, велејќи дека тие се подготвени да се борат против растечките глобални и…

  • Знакот на Adidas прогласен за неважечки

    Знакот на Adidas прогласен за неважечки

    Главниот суд на ЕУ денеска донесе одлука дека е неважечки заштитниот знак на германската компанија за производство на спортска опрема Adidas со три линии бидејќи нема…

  • Siemens го продава бизнисот со моторите за електрични авиони на Rolls-Royce

    Siemens го продава бизнисот со моторите за електрични авиони на Rolls-Royce

    Германскиот инженерски гигант Siemens објави во вторникот дека ќе гo продаде бизнисот со моторите за електрични авиони на британскиот Rolls-Royce. Како дел од договорот во британската компанија ќе преминат…

  • Европска компанија има намера да превезува патници во проблематичните авиони „боинг“

    Европска компанија има намера да превезува патници во проблематичните авиони „боинг“

    Иако компанијата „Боинг“ долго време имаше проблем со продажбата на проблематичниот модел „737“, се чини дека неделава среќата ѝсе насмевна. Во вторникот авиокомпанијата International Airlines…

  • НЛБ Банка – прва банка во Македонија достапна на Вибер

    НЛБ Банка – прва банка во Македонија достапна на Вибер

    НЛБ Банка, како иновативна и современа банка која е во чекор со светските трендови, ја прошири својата понуда со уште еден канал за комуникација и…

  • Битолска млекара ги наградува своите најлојални вработени

    Битолска млекара ги наградува своите најлојални вработени

    Наградувањето на лојалноста преминува во традиција Веќе традиционално, и оваа година, компанијата Бимилк ги наградува своите најлојални вработени, кои имаат остварено непрекината работа во млекарата…

  • Резервирајте го вашиот одмор онлајн за дестинација од соништата и добијте поврат на вашите средства со Cashback World

    Резервирајте го вашиот одмор онлајн за дестинација од соништата и добијте поврат на вашите средства со Cashback World

    Патувањата се оние кои нѐ прават порелаксирани, кога споделуваме искуства, истражуваме и едноставно уживаме. Но, има толку голем избор, толку голема понуда на хотели, апартмани,…

  • Половина милијарда Apple уреди на мета на хакери поради досега непознат проблем?

    Половина милијарда Apple уреди на мета на хакери поради досега непознат проблем?

    Израелската  компанија Cellebrite им открила на корисниците на Apple уредите дека нашла начин да навлезат во било кој iPhone или iPad со било која верзија…

  • Отстранете го чувството на вина од вашето мени – „Junk free, guilt free”

    Отстранете го чувството на вина од вашето мени – „Junk free, guilt free”

    Грижа на совест по јадењето, кога гладта ќе ја надвладее самоконтролата е чувство со кое многумина секојдневно се соочуваме. Колку пати сте се казнувале и…