19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави најновата Листа на должници

УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави најновата Листа на должници бр.12/2018 за долгови доспеани до 31.08.2018 и неплатени до 30.11.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.12/2018 објавени се 2.140 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 2.370 физички лица (повеќе за 195 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2018 изнесува 10.027.643.843 денари, помалку за 58.864.425 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.998.544.030 денари (помалку за 48.707.933 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 29.099.813 денари (помалку за 10.156.492 денари од претходната листа).

Листата на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП