29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHonor View 20 ќе има мини отвор за предната камера

Honor View 20 ќе има мини отвор за предната камера

„Huawei“ и „Samsung“ веќе ги имаат првите смартфони кои вклучуваат нов тип дисплеи со мини отвор за предната камера, но изгледа и други брендови се насочуваат кон тој пат. „Honor“ е бренд на „Huawei“, која се развива како посебна компанија, и исто така, подготвува сличен модел во моделот „View 20“/„V20“, дознаваме од „Engadget“.

Дијаметарот на отворот за предната камера во уредот ќе е 4.5 мм наспроти очекуваните 6 мм кај другите модели. Тој ќе биде во горниот лев агол на екранот. Слично на очекувањата во јануари моделот на „Xiaomi“, „View 20“ исто така ќе вклучува 48MP главна камера – со сензор „Sony IMX586 CMOS“.

Една од предностите на моделот однос на оној на „Xiaomi“ е присуството на двоен „NPU“ (неврален сметачки процесор) и двоен „ISP“ во чипсетот „Kirin 980“. Чипот поддржува 48MP „AI HDR“ режим што ќе биде интересно да се види. Според „Honor“, „View 20“ ќе има „Link Turbo“, „AI“ функционалност која овозможува истовремено симнување преку „Wi-Fi“ и „4G“ мрежи.

„View 20“ ќе биде претставен официјално во Пекинг на 26-ти декември, а на 22-ри јануари ќе биде светската премиера во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП