25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа директорката на "Huawei" и се заканува долгогодишна казна затвор

На директорката на “Huawei” и се заканува долгогодишна казна затвор

Финансискиот директор и потпретседател на “Huawei” Менг Вангжу и се заканува долгогодишна казна затвор. Таа се соочува со обвиненија за измама и кршење на американските санкции против Иран.

Менг Вангжу беше уапсена пред неколку дена во Ванкувер на барање на Америка, и денес беше на прво сослушување.

“CBC News” наведува дека четириесетишестгодишната Менг Вангжу е обвинета за користење на неофицијална филијала на “Huawei” наречена “Skycom” за да ги избегне санкциите на САД против Иран.

Според обвинението, таа ja претставувала “Skycom” како компанија одвоена од “Huawei”, а САД сметаат дека таа е истата компанија.

САД побараа од Канада да ја екстрадира Менг Вангжу за да и биде судено според американските закони.

Huawei е еден од најголемите производители на телекомуникациска опрема и вториот по големина производител на смартфони во светот зад Самсунг, а пред американскиот “Apple”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП