26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.11.-30.11.2018 година вкупниот промет изнесувал 356.200.666 денари и е намален во однос на октомври за 50,19 отсто. 

Класичното тргување изнесува 327.722.888 денари и е намалено во однос на октомври за 42,39 отсто кога изнесувало 568.838.626 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 321.646.078 денари и обврзници во вредност од 6.076.810 денари.

Блок трансакциите за ноември изнесувале 28.477.778 денари и се намалени за 78,72 отсто во однос на октомври.

Бројот на трансакции во ноември изнесувал 1.804  и е намален за 29,91 отсто во однос на октомври кога изнесувал 2.574.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за ноември се на Комерцијална банка, следи Стопанска банка АД Скопје, а Макпетрол АД Скопје го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за октомври 2018 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП