1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ5-те најскапи автомобили во историјата на Porsche (ВИДЕО)

5-те најскапи автомобили во историјата на Porsche (ВИДЕО)

„Porsche“ објави видео кое кажува за најскапите автомобили на брендот што некогаш биле продадени на аукција. Во листата влегуваат учесникот од сериите „Can-Am“ – „Porsche 917/30 Spyder“ со 1200 КС, „патничката“ верзија на прототипот од сериите „Ле Ман“ – „911 GT1“, како и легендарното „956“ кое триумфираше на „24 часа Ле Ман“ во 1983-та година.

„Најевтин“ се покажа моделот „Porsche 917/30 Spyder“. Тркачкиот прототип со шасијата број „917/ 30-004“ беше продаден на аукција за 3 милиони долари. По него следи „Porsche 911 GT1 Strassenversion“ кој развива 800 КС, а за него беа платени 5,665 милиони долари.

Соодветно најскапото „Porsche“ е прототипот од „Ле Ман“ – „917 K“, кој е опремен со 5,0-литарски V12 со моќност од 609 КС и 563 Nm вртежен момент. За овој автомобил се платени околу 14 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП