28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕве како да ги намалите сметките додека сте во роаминг

Еве како да ги намалите сметките додека сте во роаминг

mobile-on-beach-wo_1773436b

Најчестите апликации кои се „виновни“ за преголемите телефонски сметки во роаминг се оние кои се наменети за примање на електронска пошта, временската прогноза, друштвените мрежи и користењето на СМС пораките за проверка на состојбата на сметката.

Опуштеното користење на мобилниот телефон во роаминг резултира со голема телефонска сметка со која корисниците тешко можат да се помират по враќањето од странство. Секој оператор за евентуалната рекламација на сметката ќе го разгледа вашето барање, но многу се мали шансите таа да биде корегирана. Причината за тоа е што сите оператори добиваат извешатаи од своите роаминг партнери за остварениот сообраќај на секој корисник и тој сообраќај мора да се плати на странскиот роаминг партнер.

За да не ве „боли глава“ ви предлагаме неколку корисни совети како да се ослободите од најчестите опасности кои можат да ви извлечат сериозна сума на пари од вашиот џеб.

1. Проверете дали ви е активен роамингот.

На сите постпејд корисници им се советува да го проверат својот статус на роаминг активацијата.

2. Информирајте се за цените и услугите на својот оператор.

Пред заминување на пат ве советуваме да се информирате за цените и услугите кои вашиот оператор ги нуди во соработка со своите парнтери во странство. Прашајте дали вашиот оператор нуди специјални роаминг промоции во вид на пакет за дополнителни минути и мегабајти за пренос на податоци.

3. Бидете внимателни со преносот на податоци.

Невнимателното користење на преносот на податоци во роаминг е еден од најчестите примери за високите сметки по враќањето од странство. Доколку го користите најважно е да ја исклучите опцијата за автоматско ажурирање на софтверот, затоа што на тој начин го оневозможувате активирањето на интернет конекцијата без ваше знаење. Ако имате на паметниот телефон инсталирано апликации може да се случи тие да бараат конеција со интернет, а вие тоа да не го иницирате. Имајте на ум дека отворањето на интернет страни, гледањето филмови или музички спотови во роаминг може значително да влијаат на вашата месечна сметка. Доколку несакате да го користите преносот на податоци додека сте во странство најдобро е да ја исклучите оваа опција пред заминувањето на пат.

4. Пронајдете најповолна мобилна мрежа.

Вашиот телефон во најголем број на случаи автоматски се пријавува на некоја од мобилните мрежи, но тоа немора да биде и најповолната мрежа за вас. Советот за вас е пред патувањето да ги проверите цените од тарифирањата во земјата во која одите.

mobile-on-beach-wo_1773

5. Рачно изберете ја мрежата на најповолниот мобилен оператор.

По доаѓањето на дестинацијта во случај да не ви одговара мрежата на операторот кој автоматски е избран, сами рачно можете да ја одберете мрежата на мобилниот оператор кој ви одговара. Пронајдете ја опцијата „Networks“ (или „Settings“) и по изборот на опцијата за рачно бирање на мрежите на екранот ќе ви се покажат сите достапни мрежи.

6. Внимавајте на дојдовните повици.

Покрај повикувачките повици и пораки во роаминг се наплатуваат и дојдовните повици, односно и кога вас ќе ве повикуваат вашите пријатели. Ве потсетуваме дека единствено што во роаминг не се наплатува е приемот на СМС пораки.

7. Обрнете внимание на апликациите.

Најчестите апликации кои се „виновни“ за преголемите сметки во роаминг се тие за прием на електронска пошта, временската прогноза и апликациите на друштвените мрежи.

8. Деактивирање на услугата говорна пошта.

Пред заминување на пат деактивирајте ја услугата за говорната пошта. Приемот и преслушувањето на говорната пошта во роамингот се тарифира како стандарден дојдовен и појдовен повик.

9. Не ги користете СМС пораките за проверка на сметката.

СМС пораката за проверка на сметката исто така се тарифира според ценовникот за СМС пораки во роаминг. Имајте во предвид дека информацијата за остварениот сообраќај кој операторите го добиваат од своите роаминг партнери често доцнат, па може да се случи користењето на телекомуникациските услуги подоцна да бидат прикажани во некоја од наредните сметки.

10. Проверете дали вашиот уред има Wi-Fi опција.

Проверете дали имате Wi-Fi опција и каде и да е таа достапна користете ја локалната Wi-Fi мрежа како опција за пренос на податоци. Внимавајте на фактот дека доколку дојде до прекин на Wi-Fi сигналот вашиот уред автоматски може да се префрли на GPRS мрежата и да продолжи со преносот на податоци кои ќе се тарифираат според ценовникот за роаминг.

11. Променете ги навиките.

Размислете за тоа кои највики во мобилната комуникација би требало да ги промените додека сте во странство, па така бидете информирани и за контактот со вашите најблиски. Во склад со тоа направите список на сервиси кои ќе ги користите додека сте надвор од земјата и оние кои за тоа време можете да се откажете од нив (исклучете ги пред да ја преминете границата).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП