2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја земја има "најмоќен" пасош во светот?

Која земја има “најмоќен” пасош во светот?

Јапонија и Сингапур веќе немаат најмоќни пасоши во светот.

Според веб-страницата “Passport Index”, на врвот на листата се најде пасошот на Обединети Арапски Емирати(ОАЕ).

Со овој пасош можете да влезете без проблем дури во 167 земји, односно имате пристап до 84 проценти од светот.

“Passport Index” кој е во сопственост на “Arton Capital” рангира пасоши на 193 земји и шест региони кои се членки на Обединетите нации. На врвот на скалата се земји со кои пасоши можете да влезете во друга земја без виза и посебни барања.

Обединетите Арапски Емирати се искачија на врвот на листата во рекордно време. Тие за првпат беа евидентирани во списокот во декември 2016 година (на 27 место), а за две години достигнаа број еден.

Во топ 10 земји се наоѓаат Сингапур, Германија, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија и Холандија, со чии пасоши можете да влезете во 165, односно 166 земји во светот.

Македонија е рангирана на 37 место на листата, и со македонскиот пасош можете да влезете во 118 земји во светот.

Листата на најмоќни пасоши можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП