27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxon го продава својот дел од најголемото нафтено поле во Азербејџан?

Exxon го продава својот дел од најголемото нафтено поле во Азербејџан?

Американската компанија „Exxon Mobil“ се обидува да го продаде својот удел во најголемото нафтено поле во Азербејџан, објави „Ројтерс“.

Од „Exxon“ се надеваат дека ќе заработат околу 2 милијарди долари од продажбата на својот 6,8-процентен удел во полето Азери-Чираг-Гонешли (ACG) во Каспиското Море, јавуваат извори запознаени со случајот.

Портпаролката на компанијата Џули Кинг одби да коментира за овој случај, велејќи дека „ова е шпекулација на пазарот“.

Портпаролот на азербејџанската државна компанија, „Socar“, истакна дека оваа информација е поврзана со „Exxon“ и не може да коментира.

Продажбата на овој удел ќе стави крај на 25-годишната соработка помеѓу двете енергетски компании.

„Exxon“ беше меѓу петте нафтени американски компании кои учествуваа во создавањето на нафтената индустрија во Азербејџан по распадот на Советскиот Сојуз, потпишувајќи договор во 1994-та година.

Тоа беше определено како „зделката на векот“ од Азербејџан и нејзините партнери поради големите нафтени резерви со кои располага малата земја и надежите за идните нови операции, кои требаше да и помогнат на Европа да постигне ефикасна енергетска диверзификација.

Иако овој проект е раководен од британската нафтена компанија „BP“, таа доби значителна финансиска поддршка и од американските компании – „Exxon“, „Amoco“, „Unocal“, „Pennzoil“ и „McDermott“.

Проектот доби силна поддршка од Запад, бидејќи овие земји се надеваа дека иницијативата ќе помогне да се намали енергетската зависност на Европа од рускиот природен гас.

Повеќето американски компании веќе го продадоа својот дел од овој проект, со значително намалување на поддршката на локалната власт.

Ако, пак, „Exxon“ го продаде својот удел, „Chevron“ ќе остане единствената американска компанија во овој проект. Нејзиниот удел е пресметан на 9,57%, што е исто така трет најголем удел во „ВР“ (30,4%) и „Socar“ (25%).

Нафтените полиња на „ACG“ сé уште придонесуваат за голем дел од извозот на фосилно гориво во Азербејџан, или 600.000 барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП