10 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИДоговор од милијарди се подготвува во американскиот медиумски сектор

Договор од милијарди се подготвува во американскиот медиумски сектор

На американскиот медиумски пазар се подготвува договор во вредност од милијарди долари.

Телевизискиот канал „Nexstar Media“ планира да го купи својот ривал „Tribune Media“ за 4,1 милијарда долари, велат извори. Таквата трансакција би ја создала најголемата регионална телевизиска специјализирана мрежа во САД.

„Nexstar“ ја надмина понудата на „Apollo Global Management“ со повисока понуда – 46,50 долари во готовина за удел во „Tribune Media“. Според друг извор, договорот помеѓу „Nexstar“ и „Tribune Media“ може да биде објавен многу наскоро.

Првично, конкурентот „Sinclair Broadcast“ планираше да го купи „Tribune Media“ за 3,9 милијарди долари. Трансакцијата, сепак, не се случи поради проблеми со анти-картелниот орган. „Tribune Media“ поседува или управува со 42 канали, како и кабелскиот канал „WGN America“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП